еМагазин
Image default
Македонија ТОП СТОРИИ

Собранието ја продолжи кризната состојба на дел од територијата на Македонија и за обезбедување на Идризово

Собранието попладнево во рамките на 124 седница едногласно со 62 гласа „за“ ја донесе одлуката за за одобрување на продолжување на рокот за постоење на кризна состојба на дел од територијата на Македонија, заради спречување на безбедносните закани и зајакнување на обезбедувањето на КПУ КПД Идризово.

Претходно во расправата Драган Ковачки од ВМРО-ДПМНЕ посочи дека ова е обид за легализација на, како што рече, неспособноста на оваа Влада.

-Како Собрание ние воопшто не сме гласале одлука за прогласување кризна состојба на дел од Општина Гази Баба. Владата сама си прогласила таква состојба, а сега бара од нас да ја продолжиме. Во Македонија фалат над 100 затворски чувари, а сега Владата наоѓа решение војската да ги чува затворениците. Каде во друга земја војска чува затвореници.

Не може војска да биде полиција. Таа треба да го чува народот, а со тоа што сега е полиција е против народот, рече Ковачки.

Праша зошто тој што е надлежен за вработување на затворски чувари на почетокот на годинава не примил војници кои имаат навршено 45 години старост и завршуваат со мандат во војската.

Во реплика претседателот на Собранието Талат Џафери рече дека седницата е свикана процедурално зашто Собранието е обврзано да расправа по однос на предлогот кој произлегува од Законот за кризен менаџмент.

-Мојот став по тој закон сите го знаете – дека е антиуставен и дека не треба да постои. Но, и вие знаете зошто постои законот и ако имате проблем со него треба да покренеме друга иницијатива, рече Џафери.

Појасни дека согласно тоа законско решение одлука за криза прогласува Владата, а пред истекот на рокот на кризната состојба Владата треба да се обрати до Собранието да донесе одлука дали да ја продолжи кризната состојба или да ја прекине.

МИА

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Двајца малолетници силувале друг малолетник, му се заканиле и го ограбиле

Редакција

Блажун Вошнер: „Имаме македонски лекари со успешна кариера во Словенија, но отворени сме за нови”

Редакција

Голема разлика во цените: Два станови во Куманово за еден во скопски Карпош

Редакција

📢 Важно известување

Оваа веб-страница претставува архива (стар сајт) и повеќе не се ажурира.
За најнови информации и содржини, посетете ја нашата нова официјална страница:


👉 Посети ја новата страница