еМагазин
Image default
Македонија ТОП СТОРИИ

Собранието ги ратификуваше протоколите за влез на Финска и Шведска во НАТО

Собранието денеска на 82. седница со 103 гласа „за“ и два „против“ ги ратификуваше протоколите за пристапување на Република Финска и на Кралството Шведска во НАТО.

Македонскиот Парламент првпат ратификува протоколи на нови земји аспиранти за членство во Алијансата, откако земјава официјално стана членка на НАТО на 27 март 2020.

За ратификацијата на протоколите за влез на Финска и Шведска во НАТО гласаа пратеници од владејачкото мнозинство и од опозицијата.

На денешната седница во Собранието присуствуваа премиерот Димитар Ковачевски, министерката за одбрана Славјанка Петровска, други членови на Владата и претставници на дипломатскиот кор во земјава.

По Самитот на НАТО во Мадрид, што се одржа кон крајот на минатиот месец, на 5 јули 2022 претставниците на 30 држави членки на Алијансата во Брисел ги потпишаа протоколите кон Северноатлантскиот договор во врска со пристапувањето на Шведска и на Финска во Пактот.

Шведска и Финска поднесоа барања за членство во Алијансата по почетокот на руската агресија врз Украина.

МИА

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Американска амбасада: Првите избори по влезот во НАТО значаен чекор кон демократијата

Редакција

(ВИДЕО) Масовни синдикални протести во Грција, подршка дадоа и Ципрас и Варуфакис

Редакција

Кој македонски оператор има најмногу претплатници на мобилен интернет?

Редакција

📢 Важно известување

Оваа веб-страница претставува архива (стар сајт) и повеќе не се ажурира.
За најнови информации и содржини, посетете ја нашата нова официјална страница:


👉 Посети ја новата страница