еМагазин
Image default
Бизнис

Собранието го донесе ребалансот на буџетот за 2018 година: Повеќе пари за општините, за да излезат од долгови

По тридневна расправа, со 53 гласа „за“ и 13 „против“ Собранието го усвои дополнетиот ребаланс на Буџетот за 2018 година со кој се направени корекции на расходната страна со цел обезбедување финансиска поддршка за општините и зајакнување на фондовите за здравствено осигурување (ФЗОМ), пензиско и инвалидско осигурување (ПИОМ) и Агенцијата за вработување.

Според министерот за финансии Драган Тевдоски на ваков начин со ребалансот се создаде фискален простор за зајакнување на фискалниот капацитет на општините.

Со ребалансот има намалување на приходната и расходната страна за 0,5 отсто. Се задржува буџетскиот дефицит на 2,7 отсто, а се ревидира проекцијата за економскиот раст на 2,8 отсто.

Ревидирањето на планираните проекции на приходите е пред се резултат на намалувањето на приходите кои буџетските корисници ги остваруваат на сопствените сметки и благ пораст на социјалните придонеси, во однос на иницијално буџетираните од 812 милиони денари заради реализацијата во првите девет месеци од годинава.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

За една недела 13 прекршувања на уредбите и протоколите при транспорт на работници во Штип, Кавадарци и Скопје

Редакција

Во дел од маркетите утринава нема бел и полубел леб

Редакција

Анализа на „Пари“: Беспарица во фудбалските клубови во Македонија, колку заработиле лани Шкендија, Ренова, Вардар…

Редакција

📢 Важно известување

Оваа веб-страница претставува архива (стар сајт) и повеќе не се ажурира.
За најнови информации и содржини, посетете ја нашата нова официјална страница:


👉 Посети ја новата страница