еМагазин
Image default
Македонија ТОП СТОРИИ

Собранието пред распуштање, претходно пратениците треба да гласаат за законите за ЈО, за Советот на јавни обвинители и за одбрана

Собранието денеска напладне треба да ја одржи 137. седница на чиј дневен ред е Предлог-одлуката за негово распуштање во пресрет на предвремените парламентарни избори, закажани за 12 април.

Предлог-одлуката е поднесена од претседателот на Собранието, Талат Џафери.

Пред распуштањето на Парламентот, треба да се одржат продолженијата на 135. и 123. седница.

Пратениците во рамки на 135. седница се очекува да гласаат за Предлог-законот за јавно обвинителство и за Предлог-законот за изменување и дополнување на Законот за Советот на јавните обвинители, додека во рамки на 123. седница треба да се изјаснат по предлог-измените на Законот за одбрана.

Расправата за Законот за јавно обвинителство почна во петокот и заврши доцна вечерта, а спикерот Џафери најави дека гласањето ќе се спроведе кога ќе се обезбеди потребното мнозинство.

Седницата 135. продолжи вчера во 13 часот со расправа по Предлог-законот за изменување и дополнување на Законот за Советот на јавните обвинители. Двата закона, со европско знаменце, се носат по скратена постапка, а за гласање е неопходно двотретинско мнозинство.

Расправата за измените и дополнувањата на Законот за одбрана почна и заврши вчера. Но, на 123. седница, освен оваа точка по која треба да се гласа и за што е потребно двотретинско мнозинство, ставени се и други законски решенија, меѓу кои измените за Изборниот законик предложени од група пратеници за една изборна единица, отворени листи и еднаква родова застапеност на листите, за кои се поднесени неколку илјади амандмани.

МИА

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Меѓу нив и партиите на Каракачанов и Костадинов: Шест партии во Бугарија шират говор на омраза

Редакција

(Фото) Цаноски: Кристијано Роналдо ќе дојде во Македонија

Редакција

Тројцата српски државјани сакале да си останат во завеаното битолско село Гопеш, одбиле да се вратат во градот

Редакција
Close

📢 Важно известување

Оваа веб-страница претставува архива (стар сајт) и повеќе не се ажурира.
За најнови информации и содржини, посетете ја нашата нова официјална страница:


👉 Посети ја новата страница