еМагазин
Image default
Македонија

Собраниската комисија за контрола над Агенцијата за национална безбедност треба да расправа за случајот „Онишченко“ и дојавите за бомби

Во Собранието денеска седници треба да одржат комисиите за политички систем и односи меѓу заедниците и за надзор над работата на Агенцијата за национална безбедноста (АНБ) и Агенцијата за разузнавање (АР).

Комисијата за надзор над работата на АНБ и АР треба да одржи две седници.

На првата седница ќе ја разгледува улогата на АНБ во безбедносната проверка на лицето Александр Онишченко при давањето на позитивно мислење за добивање македонско државјанство.

По завршувањето на оваа седница членовите на Комисијата треба да одржа нова седница во врска со информирањето за преземените активности на АНБ во врска со актуелните случувања со дојавите за поставени бомби во училиштата, трговските центри и други објекти.

На дневен ред на Комисијата за политички систем и односи меѓу заедниците се повеќе точки меѓу кои и Годишниот извештај на Државната комисија за спречување на корупцијата за спроведување на Националната стратегија за спречување на корупцијата и судирот на интереси 2021-2025 за период 01.01.-31.12.2021 година и годишен извештај за работата на Советот на јавните обвинители за 2021 година. 

МИА

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Еден од исчезнатите Македонци на Халкидики пронајден жив и е во добра здравствена состојба

Редакција

Ново рочиште за „Рекет“: Боки 13 се пожали на болки и дека има рак, судијата не дозволи одложување

Редакција

Граѓаните да пријавуваат ако забележат потпалувачи, апелира Ангелов

Редакција

📢 Важно известување

Оваа веб-страница претставува архива (стар сајт) и повеќе не се ажурира.
За најнови информации и содржини, посетете ја нашата нова официјална страница:


👉 Посети ја новата страница