еМагазин
Image default
ЖИВОТ ТОП СТОРИИ

Времето денеска сончево и топло, до 25 степени, од вторник пад на температурите

Времето денеска ќе биде сончево и релативно топло со мала локална облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од јужен правец. Минималната температура ќе се движи во интервал од 8 до 12, а максималната ќе достигне од 19 до 25 степени.

Како што информира Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР), претпладне по одделни котлини ќе има појава на магла и значителна ниска облачност.

Во Скопје слично време, претпладне со појава на магла и значителна ниска облачност, а од пладне сончево со слаб ветер од јужен правец. Минималната температура ќе се спушти до 10, а максималната ќе достигне 20 степени.

Во следните денови во претпладневните часови по котлините ќе има појава на магла или значителна ниска облачност.

Во понеделник ќе се задржи стабилно и релативно топло време, а во вторник се очекува локална појава на слаб дожд и опаѓање на температурите.

Фото: Град Скопје

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Политичките лидери кај Пендаровски се договорија дека за Македонија нема друг пат, освен ЕУ

Редакција

Нови 73 случаи на Ковид-19, 66 оздравени и две починати лица

Редакција

Зошто граѓаните ја изгубија довербата во СЈО?

Редакција

📢 Важно известување

Оваа веб-страница претставува архива (стар сајт) и повеќе не се ажурира.
За најнови информации и содржини, посетете ја нашата нова официјална страница:


👉 Посети ја новата страница