еМагазин
Image default
ЖИВОТ

Времето денеска сончево и топло, попладне во западните делови ќе има пороен дожд и грмежи

Времето денеска ќе биде сончево и топло со мала до умерена облачност. Околу пладне и попладне, претежно во западните делови ќе биде нестабилно со пороен дожд и грмежи, локално и во форма на краткотрајно невреме.

Ќе дува умерен, а вдолж Повардарието засилен северозападен ветер. Минималната температура ќе биде во интервал од 7 до 15, а максималната ќе достигне од 24 до 33 степени. УВ индексот ќе биде 7, соопшти Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР).

Во Скопје времето ќе биде сончево и топло со мала до умерена облачност. Ќе дува умерен, повремено засилен северозападен ветер. Минималната температура ќе се спушти до 13, а максималната ќе достигне до 28 степени.

Во наредните денови ќе се задржи многу топло време со максимални температури над просекот за овој период од годината. Во попладневните часови на места ќе биде нестабилно со пороен дожд, грмежи и засилен ветер, особено денеска и утре кога локално процесите ќе бидат и поинтензивни во форма на невреме, информираат од УХМР.

Фото: Град Скопје

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Како да се справите со социјалното дистанцирање, карантин и изолација во услови на корона вирусот

Редакција

(Фото) По 9 месеци проработеа сите хируршки сали на Клинички, кој доби нова компресорска станица

Редакција

Петиција „СТОП за пушењето во затворен простор“, до сега ја потпишале 4.000 граѓани

Редакција

📢 Важно известување

Оваа веб-страница претставува архива (стар сајт) и повеќе не се ажурира.
За најнови информации и содржини, посетете ја нашата нова официјална страница:


👉 Посети ја новата страница