Времето денеска ќе биде сончево и топло. На повеќе места ќе дува засилен ветер од јужен правец, наместа над 60 километри на час.
Во ноќните часови кон недела ќе има преодно дестабилизирање со локален пороен дожд и ретки грмежи, информираат од Управата за хидрометеоролошки работи.
Минималната температура ќе биде во интервал од 7 до 17, а максималната ќе достигне од 24 до 29 степени.
Во Скопје ќе биде сончево со мала до умерена облачност. Ќе дува умерен до засилен ветер од југоисточен правец. Минималната температура ќе се спушти до 12, а максималната ќе достигне до 27 степени.
До средината на следната седмица ќе се задржи стабилно и релативно топло време.
Фото: Град Скопје