еМагазин
Image default
ЖИВОТ

Денеска сончево со мала локална облачност, температури до 23 степени

Времето денеска претпладне долж Повардарието ќе биде магливо и со значително ниска облачност, кои попладне ќе се намалат. Во останатиот дел од земјата ќе биде сончево со мала локална облачност. Ќе дува умерен, а особено долж Повардарието засилен ветер од југоисточен правец.

Максималната температура ќе биде во интервал од 18 до 23 степени.

Во Скопје претпладне магливо и со значителна ниска облачност, а попладне сончево. Ќе дува умерен до засилен ветер од јужен правец. Максималната температура ќе достигне до 20 степени.

Во следните денови ќе се задржи стабилно и релативно топло време. Во претпладневните часови, особено долж Повардарието ќе има појава на магла или значителна ниска облачност. До петок ќе дува умерен до засилен југоисточен ветер, особено долж Повардарието.

Фото: Град Скопје

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

(Видео) Радио МОФ со „30 прашања“ до студент од студентски дом: Филмскиот наслов на животот би бил „Самоуништување“

Редакција

Надлежните институции допрва ќе ги проценуваат потенцијалните ризици од употребата на „Тик-ток“ од учениците

Редакција

Почнува пријавување за бесплатна вакцинација против сезонски грип за ризични групи

Редакција

📢 Важно известување

Оваа веб-страница претставува архива (стар сајт) и повеќе не се ажурира.
За најнови информации и содржини, посетете ја нашата нова официјална страница:


👉 Посети ја новата страница