еМагазин
Image default
ЖИВОТ

Сончево време но со ветер: Најниски температури измерени во Маврово, најмногу снег на Шапка

Утрово најстудено е во Маврово, -9 степени, а максимални два се измерени во Дојран.

Според УХМР,  -7 е во Берово, -5 во Скопје-Петровец и Лазарополе, -4 во Крива Паланка, Тетово, Битола, Штип, Демир Капија, Струмица, Дебар и Претор, -3 во Прилеп и Крушево, -2 во Охрид, -1 во Скопје – Зајчев Рид, Куманово, Гевгелија и Виница.

До 7:30 часот висината на снежната покривка е 78 сантиметри на Попова Шапка, 57 во Маврови Анови, 26  во Крушево, 11 во Лазарополе и два сантиметра во Пожаране.

Времето денеска ќе биде претежно сончево со слаб до умерен ветер од северозападен правец. Максималната температура ќе биде во интервал од 9 до 15 степени.

Во Скопје сончево со слаб до умерен ветер од северозападен правец. Максималната температура ќе достигне до 13 степени.

Во текот на работната недела ќе преовладува претежно сончево и потопло време со пораст на дневната температура.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Родителите на Васил изразија сочувство до семејството на Фросина, велат дека тој го украл автомобилот

Редакција

Доктор Пановски: „Кој ќе биде одговорен за присилување на вакцинација само за добивање на сертификат, изгледа како злосторство“

Редакција

Во Неготино отруени два царски орли, ретки птици заштитени со закон

Редакција

📢 Важно известување

Оваа веб-страница претставува архива (стар сајт) и повеќе не се ажурира.
За најнови информации и содржини, посетете ја нашата нова официјална страница:


👉 Посети ја новата страница