еМагазин
Image default
ЖИВОТ

Времето денеска сончево со засилен ветер од северен правец

Времето денеска ќе биде сончево со мала до умерена локална облачност. Ќе дува умерен, а вдолж Повардарието и во источните делови засилен ветер од северен правец. Кон крајот на денот ветерот ќе ја намали брзината.

Максималната температура ќе биде во интервал од 9 до 16 степени.

Во Скопје, времето ќе биде сончево со мала до умерена облачност и со умерен, повремено засилен ветер од северен правец. Максималната температура ќе достигне до 14 степени.

Во Маврови Анови изутрина се измерени – 4 степени, а во Претор и Крушево -1, додека во останатите делови од државава утринските температури се над нулата.

Ва изминатите 24 часа до 8 часот во Берово наврнале 20 литри дожд на метар квадратен, 16 во Крива Паланка и Виница, 15 во Маврови Анови и Пожаране, 14 во Прилеп, 13 во Охрид, 11 во Битола,…

Управата за хидрометеоролошки работи информира дека во текот на ноќта дуваше умерен, а наместа засилен ветер од северен и северозападен правец, кој во Штип достигнувал брзина до 50 километри на час.

Фото: Град Скопје

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

(Видео) Почина Марија од популарната серија „Жикина династија“

Редакција

Бидете внимателни при палењето на скарата, апелираат од ЦУК

Редакција

Како да реагирате и да се заштитите во случај на земјотрес

Редакција

📢 Важно известување

Оваа веб-страница претставува архива (стар сајт) и повеќе не се ажурира.
За најнови информации и содржини, посетете ја нашата нова официјална страница:


👉 Посети ја новата страница