еМагазин
Image default
БАШ НИ Е ЌЕФ

(Фото) Сопругата на претседателот, Ѓоргиевска со баклава го почести медицинскиот персонал на Клиниката за инфективни болести во Куманово

Сопругата на претседателот на државата, Елизабета Ѓоргиевска, по повод големиот муслимански празник Рамазан бајрам, денеска ја посети Клиниката за инфективни болести на ЈЗУ Општа болница Куманово, информираат од Кабинетот на претседателот.

Ѓоргиевска беше информирана за тековните активности и за предизвиците со коишто се соочуваат здравствените работници во оваа клиника. Во таа насока ја нагласи нивната пожртвуваност, посветеност и висок професионализам, особено имајќи ги предвид сложените услови за работа наметнати од пандемијата на Ковид-19, истакнувајќи ја, во тој контекст, неопходноста од одговорно и свесно однесување, на сите граѓани, за побрзо надминување на глобалната здравствена криза.

За време на посетата на болницата, Ѓоргиевска се сретна и со здравствениот персонал ангажиран во „Зелената зона“ на Модуларниот  ковид центар, кои што ја запознаа со капацитетите и со интензитетот на нивната работа во услови на Ковид-19.

Ѓоргиевска изрази увереност дека со намалувањето на бројот на заболени, за брзо време ќе се воспостави и нивното нормално функционирање.

Во духот на традицијата на празникот Рамазан Бајрам, сопругата на претседателот, Ѓоргиевска, со домашно подготвена баклава, го почести дежурниот медицински тим на Клиниката за инфективни болести и во трите ковид центри на Општата болница Куманово.

Фото: Кабинет на претседателот

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

(Фото) За два дена во Аџибадем Систина оперирани три бебиња со тешки срцеви мани

Редакција

(Галерија) Балетот „Госпоѓиците од Авињон“ синоќа со овации беше награден од публиката во Центарот за култура во Битола

Редакција

Масовна крводарителска акција во „Алкалоид“ по повод Светскиот ден на крводарителството

Редакција

📢 Важно известување

Оваа веб-страница претставува архива (стар сајт) и повеќе не се ажурира.
За најнови информации и содржини, посетете ја нашата нова официјална страница:


👉 Посети ја новата страница