еМагазин
Image default
Македонија

Сопругот на поранешната министерка Јанкулоска бара разрешување на судијката Кацарска поради пристрасност во „Тенк“

Адвокатот Влатко Илиевски, сопруг на поранешната мнистерката за внатрешни работи Гордана Јанкулоска осудена за случајот „Тенк“, денеска на седница од Судскиот совет побара разрешување на судијката Добрила Кацарска поради пристрасност во водењето на постапката.

Илиевски рече дека за време на рочиштата за „Тенк“ немало соодветни услови во судницата која била неклиматизирана, пребрзо биле закажувани рочиштата, а со тоа на Јанкулоска и било прекршенно правото на мајчинство и на породилно отсуство.

Пред членовите на Судскиот совет Илиевски посочи дека протекле информации за здравствената состојба на Јанкулоска на начин што судијката Кацарска на рочиштето на 1 јуни 2018 година јавно и без согласност од Јанкулоска изнела податоци од медицинското досие во кое се депонирани документите што се однесуваат на здравствениот статус и медицинската состојба на Јанкулоска без притоа да се исклучи јавноста. Со тоа, како што додаде, е повредена приватноста и правото на заштита на пациентите.

За време на ТВ интервју, судијката, како што рече Илиевски, изнела наводи со кои ја проблематизира валидноста на медицинската документација  за бременоста на Јанкулоска.

Откако го кажа ова, од Судскиот совет му посочија дека дел од тоа што го кажа не стои во претставката.

На тоа Илиевски рече дека го нема, затоа што се случило откако го поднеле барањето.

Тој најави дека Европскиот суд за човекови слободи и права во Стразбур има методологија за да утврди пристрасност во водењето на постапката, користејќи објективен и субјективен тест.

Јанкулоска доби шест години затвор за набавката на луксузниот „мерцедес“, а Апелацискиот суд и ја намали казната на четири години.

МИА

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Штип, Свети Николе и Куманово со најмногу заразени со Ковид-19 на 100 илјади жители

Редакција

За 24 часа бројот се зголемил за 11.500 граѓани: Досега се самопопишале 99.409 лица од дијаспората

Редакција

„Телма“: Две лица сомнителни за инфицираност со корона вирусот побегнале од Штипската болница

Редакција

📢 Важно известување

Оваа веб-страница претставува архива (стар сајт) и повеќе не се ажурира.
За најнови информации и содржини, посетете ја нашата нова официјална страница:


👉 Посети ја новата страница