еМагазин
Image default
Локално

Сопружници од гостиварското село Добридол починале во ист ден

Брачен пар од селото Добридол починале во ист ден, а од првичните сознанија, на нивните тела немало траги на насилство.

Безживотното тело на мажот го пронашол близок роднина, по што повикал и медицинска помош и во меѓувреме ја нашол и роднината во друга соба. Жената била во лоша здравствена состојба и по укажаната помош во гостиварската болница, била препратена за скопските клиники, но по патот починала.

Од СВР Тетово информираат дека вчера околу 15 часот во СВР Тетово било пријавено дека во село Добридол, гостиварско, во сопствениот дом починал М.М.(74) од тоа село, кој живеел со сопругата Е.М.(74). Таа истиот ден починала по приемот во гостиварската Општа болница „Ферид Мурад“.

Увид на местотот на настанот извршила екипа од Одделението за внатрешни работи Гостивар.

По наредба на јавен обвинител, телата на починатите се пренесени во гостиварската Општа болница Гостивар за утврдување на причината за смртта.

МИА/Фото: Општина Гостивар

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Тешко повреден прилепчанец во судар меѓу „Кавасаки“ и трактор

Редакција

Осумгодишно дете повредено по удар од „Цитроен Берлинго“

Редакција

Поради оперативно-тактичка вежба посебен режим на сообраќајот во Скопје

Редакција

📢 Важно известување

Оваа веб-страница претставува архива (стар сајт) и повеќе не се ажурира.
За најнови информации и содржини, посетете ја нашата нова официјална страница:


👉 Посети ја новата страница