еМагазин
Image default
Македонија ТОП СТОРИИ

Сопственикот на „ДоказМ“, Стаменковски повторно хоспитализиран

Сопственикот на порталот „Доказ“, Марјан Стаменковски денеска од затворот во Шуто Оризари е пренесен во Градската болница „8 Септември“, откако повторно се пожалил на болки во градите.

Стаменковски деновиве беше хоспитализиран на Клиниката за кардиологија, но своеволно ја напуштил и се врати во притвор.

Стаменковски е во притвор откако Основното јавно обвинителство Скопје, по спроведена претходна постапка поднесе обвинителен предлог. Тој се товари дека преку веб-порталот во негова сопственост, како средство за извршување, сторил кривични дела „ширење на расистички и ксенофобичен материјал по пат на компјутерски систем“, „уцена“, „пиратерија на аудиовизуелно дело“ и „злоупотреба на лични податоци“.

Предметот беше оформен по поднесени кривични пријави против обвинетиот од повеќе жртви во текот на 2022 и од почетокот на 2023 година, а во врска со објавени содржини на неговиот веб портал.

Процесот го води судијката Марија Клетничка Марковска, а застапник на обвинението јавната обвинителка Зорица Павловиќ.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Сопственикот на „ДоказМ“, Стаменковски од затвор пренесен во болница

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Нови 89 случаи на Ковид-19 од 1.271 тест

Редакција

Корона вирусот наголемо се шири низ Дебар

Редакција

ЕК загрижена за независноста и владењето на правото во Македонија

Редакција

📢 Важно известување

Оваа веб-страница претставува архива (стар сајт) и повеќе не се ажурира.
За најнови информации и содржини, посетете ја нашата нова официјална страница:


👉 Посети ја новата страница