еМагазин
Image default
Да помогнеме

СОС Детско село и оваа година ќе го исполни Скопје со љубов преку „Место со срце“

Веќе традиционално, втора година по ред, и овој декември на 27ми, 28ми и 29ми поголем број ресторани и кафетерии ќе се трансформираат во „Место со срце“ и ќе бидат дел од Новогодишната кампања на СОС Детско село Македонија. Нивната цел ќе биде во овие празнични денови да се поттикне хуманоста, подарувањето радост и Скопје да се исполни со новогодишен дух.

Ве повикуваме да го испиете своето омилено кафе, или пак го нарачате вашиот омилен оброк во едно од Местата со срце: Ресторан Градина, Гет кафе, Ресторан Гет, Пастрмајлија Грил Хаус, Сендвичара 7ца, Пелистер, Локал 45, Кафе Круг, Скопски мерак, Кантина, Кафе Галери, Play café, Bella Vista, Soul Kitchen, Диван Бистро, игротека Имагинариум, Ли кафе, City Hall, Ресторан де Гама, Енрико, Вели иф, Рустикана 2.0, Brown Sugar bar, Baking Bread, Игротека Авантура, Fashion Lounge bar, Diamond Restaurant и Дамил кои ќе го поддржат СОС Детско село во неговата мисија „Ниту едно дете не треба да расте само “.

На тој начин и Вие ќе ја дадете својата поддршка на децата и младите без родителска грижа и оние кои се во ризик да ја загубат грижата од своите родители.

Но, од СОС Детско село сѐ уште го поставуваат прашањето, „Кое е твоето место со срце?“ и за да го дадете одговорот, но и да ја споделите оваа акција може да ја посетите официјалната фан страна на: www.facebook.com/mestososrce.

Минатата година, благодарение на сите кои се вклучија во „Место со срце“ за СОС Детско село беа собрани околу 130.000 денари. Средствата беа наменети за едукативниот процес на повеќе од 150 деца и млади, без родителска грижа и социјални ризици, на училишна возраст.

Оваа година бројот на локали кои ќе учествуваат секојдневно расте.

Ако и Вие сакате да станете Место со срце овој декември, јавете се на 072 22 00 38 и добијте ги сите потребни информации.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

(Видео) Никогаш не сум пробала смоки, децата ме исмеваат поради сиромаштијата, вели 12-годишната Кети, чие семејство живее во очајни услови

Редакција

Во Зоолошка градина-Скопје хуманитарен настан за Сара Настеска

Редакција

На Лидија Ристевска и се потребни средства за третман со матични клетки, поради прогресивна мултиплекс склероза

Редакција

📢 Важно известување

Оваа веб-страница претставува архива (стар сајт) и повеќе не се ажурира.
За најнови информации и содржини, посетете ја нашата нова официјална страница:


👉 Посети ја новата страница