еМагазин
Image default
Македонија

Состанок на Заев во Владата со лидерите на коалициските партнери

Координативен состанок се одржува попладнево во Владата меѓу премиерот во оставка Зоран Заев и лидерите на партиите, кои се дел од владејачката коалиција.

Како што информираа за МИА од коалицијата, на состанокот со Заев ќе присустуваат претседателите или потпретседателите на партиите од актуелното собраниско мнозинство.

Станува збор за првични разговори за нов премиер и состав на нова Влада, откако вчера Заев по поразот на локалните избори поднесе оставка од челната функција во Владата, но и од лидерската позиција во владејачката СДСМ.

На состанокот ќе се разговара и за можниот распоред за собраниска седница за оставката на премиерот и изборот на нова влада.

По вчерашната оставка на премиерот Заев, според Уставот на Република Северна Македонија, сега цела Влада е во оставка сѐ до изборот на нова.

– Ја преземам одговорноста за лошите резултати од овие избори, изјави вчера Заев, честитајќи им на политичките опоненти на изборната победа.

Тој сепак нагласи дека останува на ставот дека не треба да има предвремени парламентарни избори, бидејќи, како што рече, претстојат две и пол одлични и неповторливи години за државата од кои корист ќе има целиот народ и држава.

– Ќе останам периодов додека треба, за да помогнам, да се реорганизира нова влада со прогресивно мнозинство кое го има и постои, а може да биде и уште зголемено, рече вчера Заев.

Коалицијата „Можеме“ која е предводена од СДСМ, е сочинета и од Беса, НСДП, ЛДП, ДОМ, Демократски сојуз, ВМРО-НП, Партија на пензионери, Српска странка во Македонија, Партија за движење на Турците и Демократска партија на Турците.

Заедно со ДУИ и ДПА коалицијата има 62 пратеника и мнозинство во Собранието.

СДСМ има 30 пратеници, Беса четири, НСДП и ЛДП по два, по еден пратеник имаат ДОМ, Демократски сојуз, ВМРО-НП, Партија на пензионери, Српска странка во Македонија, Партија за движење на Турците, Демократска партија на Турците и еден независен пратеник. ДУИ има 15, а ДПА еден пратеник.

Пратеникот од ДУИ, Арбер Адеми вчера во изјава за Сител оставката на Заев ја оцени како избрзана, нагласувајќи дека изборите биле локални, за локални теми, а не за националните политики.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Венко Филипче или Сања Лукаревска: Кој ќе го замени Зоран Заев?

Пендаровски официјално не е информиран за оставката на премиерот Заев

Оставката на Заев се уште е само на „Фејсбук“, се чека да се испрати до Собрание, велат од ВМРО-ДПМНЕ

МИА

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Димовски до Османи: Замисли, Бујар, некој да те притиска да потпишеш дека Ѓерг Кастриот е Србин, а Хасан Приштина Турчин

Редакција

10 грчки партии, здруженија и обвинителот на Лерин бараат укинување на Центарот за македонски јазик

Редакција

(ВИДЕО) Претреси во гевгелиско, пронајдени марихуана и муниција, приведени две лица

Редакција

📢 Важно известување

Оваа веб-страница претставува архива (стар сајт) и повеќе не се ажурира.
За најнови информации и содржини, посетете ја нашата нова официјална страница:


👉 Посети ја новата страница