еМагазин
Image default
Локално

Состојбата на водоводомерите во Скопје ќе може да се пријавува електронски

Жителите на Град Скопје, како и правните лица, од 10 до 16 во месецот ќе можат електронски да ја пријават состојбата на водомерот.

Оваа услуга на ЈП Водовод и канализација – Скопје е достапна на веб страната на претпријатието www.vodovod-skopje.com.mk, пристап до електронските сервиси преку e.vodovod-skopje.com.mk и од неодамна преку мобилната апликација веќе достапна за Android и IOS.

„На едноставен, лесен и безбеден начин, со следење на упатствата, приложени на e.vodovod-skopje.com.mk и мобилната апликација, преку оваа опција достапна за физички и за правни лица, имате можност да ја пријавите состојбата на вашите водомери во период од 10-ти до 16-ти секој месец,“ информираат од ЈП  Водовод и канализација – Скопје,

Од Јавното претпријатие соопштија дека шалтерите за наплата во Дирекцијата работат секој работен ден од 7:30 до 17 часот и сабота од 8 до 13 часот и дека задолжително е носење маска и држење растојание.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Откриени 180 стебла канабис кај Блаце

Редакција

Во скопското село Ракотинци најден човечки труп

Редакција

Десетгодишно девојче тешко повредено во автобус на ЈСП

Редакција

📢 Важно известување

Оваа веб-страница претставува архива (стар сајт) и повеќе не се ажурира.
За најнови информации и содржини, посетете ја нашата нова официјална страница:


👉 Посети ја новата страница