еМагазин
Image default
Локално ТОП СТОРИИ

Советниците побараа од Арсовска до петок да достави одлука за прераспределба на средства за ЈСП

Советниците на Град Скопје на вонредната седница попладнево ја изгласаа иницијативата со која се бара од градоначалничката Данела Арсовска до петок до 12 часот да достави одлука за прераспределба на средства за платите на вработените во Јавното сообраќајно претпријатие – Скопје. Иницијатвата е изгласана со 24 гласа „за“.

Следната седница на Советот е закажана за петок во 14 часот.

Од синдикатите вечерва за МИА изјавија дека градоначалничката Арсовска ќе мора да ја донесе одлуката уште утре, затоа што ако остане за петок, тогаш прераспределбата најрано би се извршила по продолжениот викенд што, според нив, е многу доцна.

За утре синдикатите најавија дека нема да има градски превоз за скопјани.

– Им се извинуваме на граѓаните, но ова мораше да се случи за еднаш засекогаш да го решиме проблемот со редовни плати во ЈСП, изјави Миќо Стојановски, претседателот на синдикатот на ЈСП.

Од ВМРО-ДПМНЕ вечерва преку соопштение обвинија дека за иницијативата за прераспределба на средства не гласале советниците од СДСМ и дел од ДУИ.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Скопјани утре ќе останат без градски превоз, најавува синдикатот на ЈСП

МИА/фото: Арсовска/Фејсбук

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Двајца кинески инженери од „Синохидро“ пристигнаа во Македонија, тие се без симтоми на коронавирус и се под здравствен надзор

Редакција

(Фото) По дочекот на Нова Година во Скопје собрани 40 кубни метри отпад

Редакција

(Видео) Српските власти го откажаа Европрајд, во Белград се маршираше за „спас на децата и семејството“

Редакција

📢 Важно известување

Оваа веб-страница претставува архива (стар сајт) и повеќе не се ажурира.
За најнови информации и содржини, посетете ја нашата нова официјална страница:


👉 Посети ја новата страница