еМагазин
Image default
Македонија ТОП СТОРИИ

Советникот на ДУИ, Усеини и неговиот брат се во притвор: По шест дена бегство сами се пријавиле

Нефи Усени, советникот на ДУИ во Општина Охрид по кого беше издаден налог за приведување, денеска сам се пријавил на органите на власта.

Против Нефи Усеини и неговиот брат Ибраим како осомничени сторители на кривични дела „насилство“ и „неовластено држење на оружје или распрскувачки матeријали“ беа поднесени кривични пријави, а двајцата шест дена беа недостапни на органите на прогонот.

Двајцата изутринава се пријавиле во Затворот во Охрид, во врска со истиот случај заради кој против нив беа покренати односните пријави.

Во меѓувреме, додека се трагаше по браќата Усеини, лицето С.Т. кој поднесе пријава против двајцата го смени исказот, посочувајќи дека се работи за недоразбирање односно неправилно протолкувана изјава.

Против Нефи Усеини и во минатото беа поднесени неколку кривични пријави за сторени кривични дела „насилство“, „физички напад“, „узурпација на јавна површина“.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Само во Македонија: Нефи Усеини во бегство си отвори фирма во Битола, објави ИРЛ

Охриѓанецот Топалоски се „предомисли“: „Нефи Усеини ми е пријател, недоразбирањето е надминато“

МИА/Фото: Фејсбук/Усеини

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Пожарот кај Пехчево се шири кон Бугарија

Редакција

Топ 10 најголеми должници на Листата на УЈП, на истата се уште се фирмите кои се поврзуваат со Мијалков

Редакција

За надоместоци на Одборот на директори на ЗК Пелагонија лани исплатени 3,2 милиони денари

Редакција

📢 Важно известување

Оваа веб-страница претставува архива (стар сајт) и повеќе не се ажурира.
За најнови информации и содржини, посетете ја нашата нова официјална страница:


👉 Посети ја новата страница