еМагазин
Image default
Да помогнеме

Советот на странски инвеститори организира „Светски пикник“ во Градски парк во Скопје, в недела

Хуманитарната манифестација „Светски пикник“ во организација на Советот на странски инвеститори при Стопанската комора на Македонија ќе се одржи в недела на 9 јуни во 12 часот во Градскиот парк во Скопје на платото позади споменикот на Гоце Делчев, најави денеска Штефан Петер, претседателот на Советот на странски инвеститори и претседател на УО на ЕВН Македонија.

На четвртото издание на манифестацијата, како што посочи Петер на денешната прес-конференција во Стопанската комора на Македонија, секој посетител со купување на ваучер од 100 денари ќе може да вкуси десет различни кујни од земјите од каде доаѓаат странските инвеститори во земјава.

-Храната и музиката се најдобриот начин за пренесување на културата на странските инвеститори во земјава. Токму затоа го организираме четвртиот „Светски пикник“ во Градскиот парк во Скопје, кој е наменет за сите граѓани да дојдат и да уживаат. Сите собрани пари од манифестацијата ќе бидат донирани во Заводот за рехабилитација на лица со оштетен слух од Битола, потенцира Петер.

МИА

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Донирајте за „Одмор за едно семејство“, за 15 семејства да заминат на море

Редакција

(Фото) Да купиме акции од ученичка компанија од Берово, за да ги брендираат локалните малешевски производи

Редакција

Веќе два месеци не можат да го погребат Цобе, зашто недостасуваат 4.000 денари

Редакција

📢 Важно известување

Оваа веб-страница претставува архива (стар сајт) и повеќе не се ажурира.
За најнови информации и содржини, посетете ја нашата нова официјална страница:


👉 Посети ја новата страница