Функционирањето на јавниот градски превоз ќе функционира редовно и без задршки, се вели во реакцијата на ЈСП објавена на нивниот Фејсбук профил за утрешниот најавен штрајк во ова јавно претпријатие.
-Сакаме да потенцираме дека причината за штрајк на новоформираниот синдикат, четврти по ред, е нелегитимна, бидејќи од 1 јуни е зголемена платата на сите вработени во ЈСП.
Апелираме, медиумите и синдикатите да не дозволуваат да бидат инструментализирани од политиканти и политички бандити, посочуваат од ЈСП во објавата.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Автобусите на ЈСП утре ќе возат по редуциран возен ред, вработените ќе штрајкуваат