еМагазин
Image default
Локално

ЈСП ќе сообраќа по вообичаен зимски возен ред, независно од продолжување на распустот

Од денеска, автобусите на ЈСП ќе сообраќаат по вообичаен зимски возен ред, независно од продолжувањето на училишниот зимски распуст, поради кој во изминативе три недели возниот ред беше редуциран, информираат од таму.

Зимскиот распуст на учениците е продолжен за два дена, поради загадениот воздух.

Од вчера од 12 часот користењето на јавниот превоз е бесплатно.

„Одлуката за бесплатен превоз со автобусите на ЈСП и приватните превозници е дел од итните мерки на Град Скопје за намалување на загадувањето на воздухот.Одлуката ќе важи се до моментот на намалување на загадувањето, за што дополнително ќе бидете известени“, се вели во соопштението.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Поради загадувањето: Зимскиот распуст за сите ученици продолжен за два дена

Поради енормното загадување: Бесплатен градски превоз од денеска во Скопје и двојно поскап паркинг

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Жена повредена кога во неа удри автобус кај Железничка станица

Редакција

Застрелан бизнисменот Чедомир Радомировиќ, непознато дали е убиство или самоубиство

Редакција

Кучињата кои го нападнаа осумгодишното дете во Пинтија се изолирани и ставени под надзор на ветеринар

Редакција

📢 Важно известување

Оваа веб-страница претставува архива (стар сајт) и повеќе не се ажурира.
За најнови информации и содржини, посетете ја нашата нова официјална страница:


👉 Посети ја новата страница