еМагазин
Image default
Локално

ЈСП Скопје: Внатрешната контрола ќе утврди дали контролорите имаат вина во инцидентот во автобусот со број „2“

Внатрешната контрола на ЈСП Скопје ќе утврди дали евентуално и контролорите имаат вина во инцидентот, односно дали го прекршиле Кодексот на вработените и дали против нив ќе се поведе соодветна дисциплинска постапка, се вели во денешното соопштение од ЈСП Скопје во врска со денешниот инцидент кој се случил меѓу патник и двајца контролори во автобус на линија 2 во Сарај кон Центар, неколку минути после пладне, а кој за кусо време ги преплави социјалните мрежи.

-Веднаш по инцидентот, на терен излезе екипа на Внатрешна контрола на ЈСП, а повикана била и екипа на МВР. Според исказот на контролорите, инцидентот се случил откако патник без билет физички го нападнал едниот контролор, по што, се вмешал и другиот контролор. Патникот, според Внатрешната контрола, се обидел да избега, но бил приведен од страна на екипа на МВР. И патникот и контролорите дадоа исказ во МВР, стои во соопштението од ЈСП Скопје.

ЈСП Скопје сака да потенцира дека не толерира кршење на Кодексот на вработените од страна на било кој вработен (возач, контролор, билетарка, аминистративен работник и слично) и е отворено за жалби/пријави/поплаки од секаков вид.

-Истите можат секојдневно да се доставуваат на веб страницата на ЈСП Скопје www.jsp.com.mk или во инбокс на www.facebook.com/jspskopjee, со точно наведени податоци за настанот (ден, време, линија, гаражен број на возило и слично), за да внатрешната контрола или друга соодветна служба го испита случајот и против вработениот, доколку се утврди вина, презеде соодветна дисциплинска мерка, велат од ЈСП Скопје.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Со „голф“ вршел незаконски јавен превоз во Кичево

Редакција

Лишен од слобода гостиварец кој поседувал кеса со хашиш

Редакција

Измама во Гостивар: „Канаѓанец“ му зел 500 евра за болнички услуги, а во залог му оставил „златен часовник“

Редакција

📢 Важно известување

Оваа веб-страница претставува архива (стар сајт) и повеќе не се ажурира.
За најнови информации и содржини, посетете ја нашата нова официјална страница:


👉 Посети ја новата страница