еМагазин
Image default
Македонија

Околу 5.000 вработени во МВР добија бонус плата

Премиерот Оливер Спасовски на Фејсбук објави дека околу 5.000 полициски службеници и вработени во Министерството за внатрешни работи денеска добиваат бонус-плата во висина од една просечна плата во државата.

„Првпат им овозможуваме на полициските службеници да го остварат своето законско право да им се исплати покрај додатокот на плата и бонус во висина од една просечна плата ако работеле повеќе од 150 часа од редовното работно време и ако не отсуствувале повеќе од 21 ден во една година.

Го вративме достоинството на полициските службеници, ги направивме поблиски до граѓаните. Продолжуваме со континуираната грижа за стандардот и за соодветното вреднување на професионалниот статус на граѓаните“, напиша Спасовски на Фејсбук.

Полицискиот синдикат се заблагодари за бонус-платата и очекува таа да се исплаќа и во иднина.

„Македонскиот полициски синдикат (МПС) ги извести своите членови, вработени во Министерството за внатрешни работи, дека денеска на сметките на околу 5.000 нивни колеги кои ги исполнуваат условите за исплата на бонус-плата за 2019 година ќе им бидат префрлени по околу 25.066 денари, колку што изнесува просечна плата во земјава“, соопшти синдикатот.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

13 лица биле на возраст од 20 до 49 години: За една недела 204 смртни случаи од Ковид-19

Редакција

Филипче: Условите за патување во Грција ќе се знаат до крајот на следната недела

Редакција

За влез во Србија преку Табановце се чека подолго време поради црвеното ниво на безбедносен ризик од тероризам

Редакција

📢 Важно известување

Оваа веб-страница претставува архива (стар сајт) и повеќе не се ажурира.
За најнови информации и содржини, посетете ја нашата нова официјална страница:


👉 Посети ја новата страница