еМагазин
Image default
Македонија

Спасовски: МВР со посебни планови за празниците, да не се заборави на забраната за групирање

Министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски потсети дека и покрај најновите мерки кои почнуваат од среда имаме забрана на групирање на повеќе лица од четири и има посебни протоколи за организација на настани што би се одвивале на отворен простор и сите мерки треба да се почитуваат.

Тој најави дека МВР веќе подготвува посебни планови за Велигденските и првомајските празници и упати апел до сите граѓани да се придржуваат до мерките.

„Оваа година се порелаксирани мерките од минатата година, но состојбата не е порелаксирана. Имаме сериозна состојба и треба да останеме сериозни и одговорни во овој дел. Затоа апелирам достоинствено да ги поминеме сите овие празници.

Да празнуваме во кругот на нашите семејства, да не се групираме во верските храмови и објекти“, порача Спасовски.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Од утре полициски час од 21, а терасите на кафулињата и рестораните ќе работат до 20.30 часот, одлучи Владата

МИА/Фото:Влада

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Семејството на Мицкоски платило за да син му дојде со него Вашингтон, велат од ВМРО-ДПМНЕ

Редакција

Ревакцинирани вкупно 212.201 граѓани

Редакција

Нови 150 случаи на Ковид -19 од 1.630 тестирања: Најмногу во Скопје, Струмица и Кочани

Редакција

📢 Важно известување

Оваа веб-страница претставува архива (стар сајт) и повеќе не се ажурира.
За најнови информации и содржини, посетете ја нашата нова официјална страница:


👉 Посети ја новата страница