еМагазин
Image default
Македонија ТОП СТОРИИ

Спасовски: Отворањето на центарот во Битола нема никако да придонесе кон подобрувањето на односите

Отворањето на Културниот центарот во Битола и тоа со име на еден учесник или соработник на Хитлер, на фашистичкиот окупатор, за мене е неприфатливо, тоа претставува провокација и нема никако да придонесе кон подобрувањето на односите, ниту ќе ја подобри климата во Бугарија, ниту ќе ја подобри климата во Северна Македонија, изјави денеска министерот за внатрешни работи Оливер Спасовки.

Спасовски, одговарајќи на новинарско прашање по посетата на Општата болница Куманово, го повтори ставот на Владата –  дека тие сакаат преку принципиелни разговори да се дојде до решение се со цел да го оствари нашиот национален интерес, а тоа е членството во ЕУ.

– Цврсто стојам на ставот дека нашата земја е никната практично од НОБ и тие придобивки ги почитувам максимално и тоа го прави секој граѓанин заради тоа што борбата против фашизмот во тоа време е придобивка која што сите ние и идните генерации мораме да ја сочуваме, да ја негуваме, тие традиции да ги негуваме се со цел да не ни се врати нешто што навистина беше погубно за целиот свет, изјави Спасовски.

Според него, сите политичари треба да се свртат кон иднината и кога ќе носат одлуки да ги носат за идните генерации.

– Разговор на принципиелни основи и се надевам дека ќе можеме да дојдеме до решение на прашањето, изјави Спасовски.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

(Видео) Ковачевски: Со посетата на бугарската делегација во Битола се разбудија духовите од минатото поттикнувајќи го говорот на омраза

Евреите во Македонија згрозени и навредени од името на бугарскиот клуб во Битола

МИА/Фото: МВР

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Богданов за емисијата „360 степени“: Жозеф Дол неколку месеци наназад реагираше до ВМРО-ДПМНЕ

Редакција

„Браво сине“ и „Арс Ламина“ со збирка од 24 „Нови бајки од Македонија“

Редакција

Османи смета дека не е точно дека Грција не исполнила ништо од Преспанскиот договор

Редакција

📢 Важно известување

Оваа веб-страница претставува архива (стар сајт) и повеќе не се ажурира.
За најнови информации и содржини, посетете ја нашата нова официјална страница:


👉 Посети ја новата страница