еМагазин
Image default
Македонија

Спасовски со апел до граѓаните да бидат свесни за ризиците на новогодишната ноќ

Министерот за внатрешни работи, Оливер Спасовски денеска испрати апел до граѓаните за време на новогодишната ноќ да бидат свесни за ризиците кои претстојат, да не прославуваат со пиротехнички средства, без оружје и да не конзумираат алкохол доколку управуваат со моторно возило.

-Јас посакувам и апелирам до граѓаните навистина да бидеме свесни за сите ризици кои што претстојат пред нас. Да славиме и прославуваме, меѓутоа тоа да не биде со пиротехнички средства, да не биде со оружје, да не се користи алкохол а притоа да се управува со моторни возила, сите заедно да си допринесеме да имаме една достоинствена прослава без никакви последици како што имавме минатата година, рече министерот на денешната прес-конференција одговарајќи на новинарско прашање.

МИА/Фото: МВР

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Промена на старосната структура: Најголем дел од новозаболените со Ковид-19 се на возраст од 40–49 години

Редакција

Снимки и нови материјални докази ќе бидат презентирани на судењето за „Рекет”

Редакција

Во ковид центрите во Скопје за 24 часа се хоспитализирани 28 пациенти, а вкупно се лекуваат 505

Редакција

📢 Важно известување

Оваа веб-страница претставува архива (стар сајт) и повеќе не се ажурира.
За најнови информации и содржини, посетете ја нашата нова официјална страница:


👉 Посети ја новата страница