еМагазин
Image default
Македонија

Градоначалникот на Охрид, Јован Стојаноски починал од срцев удар

Градоначалникот на Охрид проф.д-р. Јован Стојаноски утрово ненандејно почина на 48 годишна возраст.

Според првичните информации, причина за смртта е срцев удар. На Стојаноски му се слошило, па во критична состојба бил префрлен на Интерното одделение на Општата болница во Охрид.

Бил направен обид да се префрли во Заводот за кардиологија, но залудни биле обидите за реанимација.

Јован Стојаноски беше професор на факултетот за туризам и угостителство во Охрид, а градоначалничката функција ја вршеше од 20 октомври минатата година, после победата во првиот круг од локалните избори.

Стојаноски беше роден на 7 август 1970 година во Охрид.

МИА/Фото: Стојаноски/Фејсбук

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

На 48 годишна возраст почина градоначалникот на Охрид, Јован Стојаноски

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Осумдесет и четиригодишен пациент од Кочани побегнал од штипската модуларна болница, набргу е вратен назад

Редакција

ЛДП го предложи Ристо Пенов за нов министер за локална самоуправа

Редакција

Функционирањето на историската комисија со Македонија во сегашниот формат е излишно, вели бугарскиот академик Спас Ташев

Редакција

📢 Важно известување

Оваа веб-страница претставува архива (стар сајт) и повеќе не се ажурира.
За најнови информации и содржини, посетете ја нашата нова официјална страница:


👉 Посети ја новата страница