еМагазин
Image default
Македонија ТОП СТОРИИ

Попис 2021: Според видот на образование 18,6% од населението се во Инженерство, производство и градежништво, а 1,9% во ИКТ

Според полето (видот) на највисокиот степен на школска подготовка најмногу 19,5 проценти од вкупно резидентно население на возраст над 15 години се во полето Општи програми и квалификации, додека најмалку или 1,9 проценти се во од областа Информатичко-комуникациски технологии.

Во Здравство и социјална заштита се само 7 проценти, додека во полето на Природни науки, математика и статистика се 3 проценти.

Ова го покажува третиот сет на податоци од Пописот на населението, домаќинствата и становите, 2021, објавен денеска од Државниот завод за статистика.

Според полето на образование во највисокиот степен на образование од вкупно резидентно население на возраст од 15+ години: 197.810 лица или 19,5 проценти се во полето Општи програми и квалификации, 189.736 лица или 18,6 проценти се во полето Инженерство, производство и градежништво, 148.180 лица или 14,5 проценти се во полето Општествени науки, новинарство и информирање, 81.494 лица или 8 проценти се во полето Бизнис, администрација и право, 71.102 лица или 7 проценти се во Здравство и социјална заштита, 59.215 лица или 5,8 проценти се во полето Образование, 54.779 лица или 5,4 проценти се во полето Услуги, 48.857 лица или 4,8 проценти се во полето Уметност и хуманистички науки, 40.455 лица или 4 проценти се во полето Земјоделство, шумарство, рибарство и ветерина, 30.624 лица или 3 проценти се во Природни науки, математика и статистика, 19.044 лица или 1,9 проценти се во полето Информатичко-комуникациски технологии (ИКТ) и 75.293 лица или 7,4 проценти се во непознато поле.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Франција сѐ уште не може да гарантира почеток на преговори до јуни

Редакција

Џолев до министерот Спасовски: Кривичниот суд е апсолутно независен во одлучувањето

Редакција

ФТ: Словенија притиска ЕУ да го прими целиот Западен Балкан до крајот на деценијава, некои од членките вџашени од предлогот

Редакција

📢 Важно известување

Оваа веб-страница претставува архива (стар сајт) и повеќе не се ажурира.
За најнови информации и содржини, посетете ја нашата нова официјална страница:


👉 Посети ја новата страница