еМагазин
Image default
Македонија ТОП СТОРИИ

Срамота: Уништено местото на тетовско Кале каде беше оддадена почит за бранителите од 2001

Само неколку часа по настанот на кој Одборот на бранители денеска на тетовското Кале го организираше во чест на бранителите за успешно завршената операција за ослободување на Калето на 26 март 2001 уништени се сите оставени цвеќиња.

Спомен плочата не е оштетена затоа што веднаш по настанот токму поради превенција од Одборот ја подигнале и однеле на безбедно место.

-Оштетувањето го пријавив во полицијата. Оттаму ми рекоа дека ќе биде извршен увид на самото место. Ова е показател каков е нивниот соживот на дело, изјави Марин Најдов, претседател на Одборот на бранители.

На ридот Балтепе на пладне беше откриена нова спомен плоча во чест на бранителите од Армијата и Полицијата за успешно завршената операција за ослободување на Калето на 26 март 2001 и за оние кои во тетовскиот регион ги дадоа животите во одбрана на државниот суверенитет.

По поставување на плочата беше оддадена почит со едноминутно молчење како и со положување на цвеќе, а одржана беше и помен панихида.

МИА/Фото: МИА

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Цементарница Усје ќе дели дивиденда од 2.404 денари за акција

Редакција

Зоран Милески Кичеец преместен во полуотвореното одделение во Затворот Струга

Редакција

(Фото) Иванов со сопругата Маја на свечен прием кај Макрон

Редакција

📢 Важно известување

Оваа веб-страница претставува архива (стар сајт) и повеќе не се ажурира.
За најнови информации и содржини, посетете ја нашата нова официјална страница:


👉 Посети ја новата страница