еМагазин
Балкан ТОП СТОРИИ

Србија нема да отвори нов кластер оти не и воведе санкции на Русија

Министерката за европска интеграција на Србија Јадранка Јоксимовиќ изјави дека кластерот 3 нема да биде отворен во јуни во Брисел, затоа што Србија нема воведено санкции против Русија, јави дописникот на МИА од Белград.

Кластерот 3, кој Србија го очекува во евроинтеграциите, го вклучува, меѓу другото, информатичкото општество и медиумите, даночниот систем, економски и монетарни политики.

Јоксимовиќ за јавниот сервис РТС изјави дека овој кластер нема да биде отворен, иако е подготвен, а како причина за неотварањето на нов кластер, ја посочи „неусогласеноста со режимот на рестриктивни мерки кон Руската Федерација“.

Србија, иако гласаше за неколку резолуции на ООН во кои се осудува инвазијата на Русија, одбива да воведе санкции за Москва и покрај барањата на западните власти.

-Не чекаат многу предизвици – енергетската, прехранбената и секоја друга криза што треба да ја решиме и важно е Србија да биде цврсто на европскиот пат, рече Јокимомовиќ за РТС.

Таа оцени дека војната во Украина е „најголем“ предизвик на Европа од падот на Берлинскиот ѕид, затоа што тоа е конфликт во кој едната страна е нуклеарна сила.

На прашањето кој е просторот за маневар кога станува збор за санкциите, Јоксимовиќ кажа дека тука не се работи за маневарски простор, како и дека Србија покажала целосна посветеност. Таа додаде дека Србија ги споделува истите вредности на почитување на меѓународниот мир и поредок и неповредливоста на територијалниот интегритет.

МИА

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Генералниот секретаријат на Владата склучи договор со А1 Македонија вреден 6,1 милиони евра

Редакција

Португалскиот министер Силва: Цел ни е Скопје и Тирана да ги почнат преговорите за време на португалското претседателство со ЕУ

Редакција

Бугарија ја отвара границата за македонските граѓани со негативен ПЦР-тест

Редакција

📢 Важно известување

Оваа веб-страница претставува архива (стар сајт) и повеќе не се ажурира.
За најнови информации и содржини, посетете ја нашата нова официјална страница:


👉 Посети ја новата страница