еМагазин
Балкан

Србија: Откриено даночно затајување од околу 55 милиони евра, 66 лица уапсени

Даночната полиција за првите седум месеци оваа година открила 102 „фантомски“ и „пералници“ претпријатија, кои претставуваат главен извор на сивата економија, што е за дури 36 отсто повеќе од истиот период лани, изјави за „Вечерње новости“ Драгана Марковиќ, директорка на Даночната управа на Србија.

Таа истакна дека Секторот на даночната полиција од јануари до крајот на јули поднел до надлежните обвинителства кривични пријави против 1.116 лица за сторени 1.024 кривични дела, при што е избегнат данок од 6,5 милијарди динари,односно околу 55 милиони евра.

Според неа, 66 лица се уапсени.

Марковиќ додаде дека инспекторите во првите седум месеци во 2.162 контроли утврдиле неправилност во пресметувањето на јавните приходи.

– Прсеметани се новооткриените јавни приходи во износ од 15 милијарди динари (околу 130 милиони евра) најмногу кај ДДВ – 6,9 милијарди динари (околу 58 милиони евра), акциза – 3,5 милијарди динари (околу 30 милиони евра), даноци и придонеси со одбивка – 3 милијарди динари (околу 25 милиони евра) и данок на добивка – 1,4 милијарди динари (околу 11 милиони евра), истакна таа.

МИА

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

По три месеци власт, изгласана недоверба на црногорската влада предводена од Дритан Абазовиќ

Редакција

(ВИДЕО) Хаос во белградскиот трговски центар „Ушче“ по најавата дека граѓаните ќе добијат ваучер, ако се вакцинират

Редакција

Најмалку 50 хрватски хулигани успеале да побегнат, зголемени контролите на сите излезени точки од Грција

Редакција

📢 Важно известување

Оваа веб-страница претставува архива (стар сајт) и повеќе не се ажурира.
За најнови информации и содржини, посетете ја нашата нова официјална страница:


👉 Посети ја новата страница