еМагазин
Спорт ТОП СТОРИИ

„Среќен сум што на едно големо натпреварување се опростувам од репрезентацијата,“ вели Пандев

На денешниот натпревар против Холандија, „гранде Горан Пандев“ се опростува од македонската фудбалска репрезентација.

„Секој меч за мене во репрезентацијата е емотивен и сигурно дека ова за мене ќе биде посебен натпревар. Среќен сум што се опростувам на едно големо натпреварување, бидејќи мојот сон, не само мој, туку на сите, се оствари,“ вели Пандев.

Тој за македонската репрезентација одиграл 122 меча и постигнал 38 гола.

По завршувањето на Европското првеснтво во фудбал, на селекторот Игор Ангеловски му завршува договорот со Фудбалската федерација на Македонија, кој од почетокот на годината му беше продолжен за шест месеци.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Македонската фудбалска репрезентација денеска го игра последниот натпревар на Еуро2020

Фото: Фејсбук/Фудбалска репрезентација на Македонија

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Зетот на Трамп ќе гради луксузен комплекс во Белград, еве како ќе изгледа

Редакција

Владата во 2022 година ќе набави 500.000 вакцини „Фајзер“, од нив 10.000 ќе бидат за деца 

Редакција

(Видео) Студенти од неколку балкански земји демолирале хотел во Охрид

Редакција

📢 Важно известување

Оваа веб-страница претставува архива (стар сајт) и повеќе не се ажурира.
За најнови информации и содржини, посетете ја нашата нова официјална страница:


👉 Посети ја новата страница