еМагазин
Image default
Македонија ТОП СТОРИИ

Сребрен медал и две олимписки пофалби за македонскиот тим на Европската јуниорска олимпијада по информатика

Еден сребрен медал и две олимписки пофалби добија учесниците на македонскиот тим на Европската јуниорска олимпијада по информатика што се одржува онлајн под домаќинство на Украина.

Дамјан Давков од Штип со освојување на сребрениот медал влезе во историјата како првиот добитник на оваа награда за Македонија на Европската јуниорска олимпијада по информатика која се одржува веќе шест години по ред.

– Македонските тимови при досегашните учества на оваа олимпијада имаат освоено 3 бронзени медали, а успехот на јуниорите ветува дека во иднина ќе имаме и одлични натпреварувачи за интернационалните натпревари на средношколско ниво, велат од Здружението на информатичарите на Македонија.

Покрај сребрениот медал за Дамјан, одличје олимписка пофалба освоија и Никола Стојковски и Владимир Грчев.

– Тимот кој ја претставува нашата земја е составен од учениците Благој Рујаноски Стојановски од Прилеп, Никола Стојковски од Скопје, Дамјан Давков од Штип и Владимир Грчев од Кочани, предводени од лидерите, д-р Миле Јованов и Мартин Динев од Факултетот за информатички науки и компјутерско инженерство (ФИНКИ), информираат од здружението.

Годинава пред македонските информатичари се и Балканска олимпијада по информатика, на почеток на октомври, во Букурешт, Романија и Европската олимпијада за девојки во Анталија, Турција во втората половина на октомври.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Специјалните сили од Македонија ќе учествуваат на меѓународна вежба во Грција

Редакција

Енергетскиот гигант Шел се повлекува од Русија, нема да купува нафта и гас од Москва

Редакција

Каков имот пријавил Стевчо Јакимовски, кој е осуден на три години и шест месеци затвор

Редакција

📢 Важно известување

Оваа веб-страница претставува архива (стар сајт) и повеќе не се ажурира.
За најнови информации и содржини, посетете ја нашата нова официјална страница:


👉 Посети ја новата страница