еМагазин
Image default
БЕНЧМАРК

Средба Димитров – Дендијас: Грција посакува одржување на меѓувладини конференции и со Македонија и со Албанија

Заменик претседателот на Владата задолжен за европски прашања, Никола Димитров, на маргините на Делфи економскиот форум, денеска во Атина, имаше тет а тет средба со грчкиот министер за надворешни работи, Никос Дендиас на која покрај добрососедските односи и интензивирањето на соработката во многу области, двајцата разговараа и за актуелните случувања во регионот.

Како што соопшти Секретаријатот за европски прашања, посебен фокус на средбата беше ставен на значењето на отпочнување на пристапните преговори на Северна Македонија со Европската Унија, како за регионот, така и за кредибилитетот на Унијата на Балканот

-Секогаш истакнувам дека најголем интерес од европска Северна Македонија имаат токму нашите соседи, кои со нашиот успех во пристапувањето кон ЕУ, обезбедуваат успех и за самите себе како шампиони во регионот, и Грција е одличен пример за тоа, рекол Димитров:

Грчкиот министер Дендиас, се наведува, истакнал дека Грција е цврсто посветена на европската иднина на регионот и дека посакува одржување на меѓувладини конференции, како прв чекор во пристапните преговори, и со Северна Македонија и со соседна Албанија.

Фото: МИА

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Која е Урсула фон дер Лаин: Мајката на седум деца што го крши мразот во европската политика

Редакција

Шпанија сака Македонија и Албанија заедно и што побргу да ги почнат преговорите со ЕУ

Редакција

Достапни 75 милиони евра за компаниите преку ИПАРД-програмата

Редакција
Close

📢 Важно известување

Оваа веб-страница претставува архива (стар сајт) и повеќе не се ажурира.
За најнови информации и содржини, посетете ја нашата нова официјална страница:


👉 Посети ја новата страница