еМагазин
Image default
Македонија ТОП СТОРИИ

Средба Меркел – Заев: Берлин ќе даде зелено светло за датум во септември

Германскиот Бундестаг ќе донесе одлука за одобрување на старт на преговорите на Европската Унија со Северна Македонија во септември, согласно утврдените процедури на Германија за прашањата за проширување на Унијата, му пренела германската канцеларка Ангела Меркел на премиерот Зоран Заев на денешната средба во Берлин.

Меркел, како што соопшти владината прес-служба, потенцирала дека Северна Македонија го испорача очекуваното и дека таа и Берлин на тоа гледаат многу позитивно.

На средбата присуствуваа и вицепремиерот за европски прашања Бујар Османи и министерот за надворешни работи Никола Димитров.

“Премиерот Заев на средбата посочи дека Република Северна Македонија има целосна доверба во канцеларката Меркел и ја поддржува нејзината политика за процесот на проширување на ЕУ, како и нејзината политика кон Западен Балкан.

Беше истакнато дека СР Германија е наш стратешки партнер со кој заедно работиме на политиките за помирување на Западен Балкан, на стабилизацијата на регионот и на обезбедување економски напредок и демократска трансформација, процес којшто ќе заврши со нашето интегрирање во ЕУ.

Претседателот на Владата Заев, на средбата нагласи дека радува фактот што Министерството за надворешни работи на СР Германија има позитивен став за нашата земја во однос на започнувањето на преговори за членство во ЕУ, и дека треба да се испочитуваат процедуралните постапки и демократските процеси кои ќе овозможат Бундестагот да донесе позитивна одлука во септември.

На средбата на делегацијата на Владата во Берлин, се потврди дека во СР Германија, како и во другите земји членки, неоспорно се признаени резултатите од реформите кои се потенцирани во извештајот на Европската Комисија и дека позитивно се гледа на препораката на ЕК за започнување на преговори за членство во ЕУ.

Силно е уверувањето дека оваа година започнуваме преговори за членство со ЕУ и им се придружуваме на Србија и Црна Гора, се наведува во соопштението од прес-службата на Владата.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

„Заев се враќа во Скопје со ново „жими мајка“ од Меркел“: Твитер реакции за средбата

Канцеларијата на Меркел без детали за сребата со Заев

Траеше 40 минути: Кога почна, кога заврши средбата помеѓу Заев и Меркел

Фото: Влада

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Агенцијата за млади и спорт вработува пет лица, плата до 28.303 денари

Редакција

Тежок разговор со петорката на ЕУ, САД, Италија, Германија и Италија, оцени Вучиќ

Редакција

Македонското овчарско куче „караман“ на чекор пред признавање како раса, од страна на светската кинолошка федерација

Редакција

📢 Важно известување

Оваа веб-страница претставува архива (стар сајт) и повеќе не се ажурира.
За најнови информации и содржини, посетете ја нашата нова официјална страница:


👉 Посети ја новата страница