еМагазин
Image default
Македонија

Утре средба Османи-Дендиас во Атина

Преземањето на претседавањето со ОБСЕ, европската перспектива на регионот, Договорот од Преспа, билатералните односи, меѓу другото, според грчкото МНР, ќе бидат во фокусот разговори во Атина на министрите за надворешни работи на Грција и Македонија Никос Дендиас и Бујар Османи, јави дописничката на МИА од Атина.

Шефот на дипломатијата ќе биде во еднодневна посета на грчката метропола во пресрет на преземањето на претседателството со ОБСЕ, а предвидено е да има тет-а-тет средба со Дендиас, состанок на двете делегации, како и работен ручек.

„Се очекува разговорите да се фокусираат на преземањето на претседавањето со ОБСЕ од страна на РС Македонија, европскиот тек на Западен Балкан, целосното, доследно и добронамерно спроведување на Договорот од Преспа, дополнително зајакнување на билатералните односи во сите област, како и во регионалните и меѓународните случувања,“ соопштија од Министерството за надворешни работи на Грција во пресрет на средбата Дендиас-Османи во Атина.

МИА/Фото: МНР

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Двајца вработени во градинки во Штип позитивни на корона вирусот

Редакција

Филипче: Партиите без исклучок да ги почитуваат сите протоколи и мерки во кампањата

Редакција

Шилегов за навредата на Азијатите во Скопје: Ги повикувам надлежните да поведат истрага за овој инцидент

Редакција

📢 Важно известување

Оваа веб-страница претставува архива (стар сајт) и повеќе не се ажурира.
За најнови информации и содржини, посетете ја нашата нова официјална страница:


👉 Посети ја новата страница