еМагазин
Image default
Македонија

Средба Османи-Захариева: Неопходно С. Македонија да ги признае историските реалности

Бугарија на времето прва ја призна независноста на Република Македонија. Бугарија одамна ги препозна модерните политички реалности. Таа секогаш ги поддржувала независноста и државниот суверенитет на Република Северна Македонија, никогаш немала територијални претензии и никогаш не им го ускратувала правото на самоидентификација на нејзините граѓани, изјави денеска во Софија министерката за надворешни работи Екатерина Захариева на заедничката прес-конференција со нејзиниот македонски колега Бујар Османи.

– Затоа е несоодветно да се предлагаат работи во спротивна насока, како меѓу граѓаните на нашите две земји, така и на меѓународно ниво. Како што Бугарија ги призна современите политички реалности, сега е потребно Република Северна Македонија да ги признае историските реалности поврзани со процесот на создавање на новиот национален идентитет, додаде Захариева.

Бугарија, според Захариева, не сака ништо повеќе од исполнување на клаузулите во Договорот за добрососедство, како што е јазичната клаузула.

– Јазичната клаузула во нашиот договор, ние сакаме да се рефлектира во сите документи меѓу двете страни. Немаме нови барања. Апелирам и се надевам дека проблемите нема да се создаваат онаму каде ги нема, рече Захариева.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Борисов до Османи: Неопходните компромиси мора да се направат

Фото: Османи/Фејбук

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Владата најдоцна до утре вечер ќе прогласи 30 дена кризна состојба на целата територија: Што тоа значи за граѓаните?

Редакција

Струмичанката и прилепчанецот кои починаа од корона вирусот биле со претходни заболувања

Редакција

Поради несовесната лекарка: Дезинфициран ресторанот „Рагуза 360“, вработените ќе се тестираат за корона вирус

Редакција

📢 Важно известување

Оваа веб-страница претставува архива (стар сајт) и повеќе не се ажурира.
За најнови информации и содржини, посетете ја нашата нова официјална страница:


👉 Посети ја новата страница