еМагазин
Image default
Македонија

Средба Заев и Ахмети за „метлата“ во Владата

Во Владата се одржува средбата меѓу премиерот Зоран Заев и лидерот на ДУИ, Али Ахмети, на која треба да стане збор за најавените промени во Владата.

Премиерот денеска најави дека како коалициски партнери ќе разговараат за кадровски промени во извршната власт.

– Иако симболиката дојде од зборот „метла“, сепак, се работи за луѓе професионалци. Зборуваме за ароганција, за неисполнување на очекувањата од одредени институции и зборуваме за немукаетност или неможност да се постигнат очекуваните цели кои граѓаните ги очекувале.

Значи зборуваме за личности, не зборуваме за припадници на политички партии или професионалци кои се во Владата.

Сите оние кои покажале слабост од ваков карактер вредно е да се размислува да бидат променети со други луѓе, изјави денеска Заев.

МИА/Фото: Влада

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Продолжува судењето за обвинетите за протестот за пресудата за „Монструм”

Редакција

Османи: Отворањето на бугарскиот клуб во Охрид е провокација и на штета на бугарската заедница во државав

Редакција

Во полициска акција „Бегалец“ уапсени синовите на убиениот Дилавер Бојку – Леку

Редакција

📢 Важно известување

Оваа веб-страница претставува архива (стар сајт) и повеќе не се ажурира.
За најнови информации и содржини, посетете ја нашата нова официјална страница:


👉 Посети ја новата страница