еМагазин
Image default
Македонија

Средба Заев – Радев: Македонија и Бугарија заедно тагуваат за жртвите од автобуската несреќа

Северна Македонија и Бугарија се заедно во тагата за жртвите од тешката сообраќајна несреќа на автопатот „Струма“ во Бугарија, во која животот го загубија најмалку 45 македонски државјани, порачаа премиерот Зоран Заев и бугарскиот претседател Румен Радев од нивната денешна средба во Софија.

Бугарија презеде навремени активности за расветлување на причините за автобуската несреќа, за идентификување на загинатите, за давање помош и лекување на настраданите, и очекува поддршка од македонските институции, на кои е подготвена да им ги обезбеди сите информации за случајот, се наведува во соопштението на кабинетот на Радев по средбата.

Како што јави БГНЕС, на средбата Радев му изразил сочувство на Заев за жртвите во автобуската несреќа, а македонскиот премиер му изразил сочувство на шефот на бугарската држава за деветтемина жртви од вчерашниот пожар во дом за стари лица во селото Ројак.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Патниците кои настрадаа во несреќата во Бугарија се од Македонија, еден е од Прешево и еден со белгиско држајанство

Помеѓу настраданите во автобуската несреќа во Бугарија има повеќе членови на едно семејство, најмладата меѓу нив имала 16 години

И млади парови меѓу жртвите во несреќата во која изгоре македонски автобус во Бугарија, информира Османи од Софија

МИА/Фото: Влада

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

17 починати лица од Ковид-19, сите имале коморбидитет

Редакција

Министерството за правда сѐ уште не добило одговор на барањето за екстрадиција на Алил Демири од 2018 година

Редакција

Тројца починати од Ковид-19, најмладиот на 49-годишна возраст

Редакција

📢 Важно известување

Оваа веб-страница претставува архива (стар сајт) и повеќе не се ажурира.
За најнови информации и содржини, посетете ја нашата нова официјална страница:


👉 Посети ја новата страница