Македонската берза го објави билтенот за март, годинава во кој меѓудругото може да се забележи драстично зголемување на прометот во однос на претходниот месец.
Имено, вкупниот промет на берзата во март изнесувал 2,7 милијарди денари, што е зголемување за 250 отсто во однос на февруари, кога прометот изнесувал 795 милиони денари.
Забележително е дека голем придонес во порастот на прометот имаат блок-трансакциите кои во март изнесувале дури 1,3 милијарди денари.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Трифун Костовски го продаде „Еуролинк осигурување“ за 17,4 милиони евра
На берзата продаден блок акции од „Алкалоид“ за 221.000 евра
Продаден блок акции од Стопанска банка Битола за 93.000 евра