еМагазин
Image default
БАШ НИ Е ЌЕФ ТОП СТОРИИ

Средношколци трансформираа инвалидска количка во електричен тротинет

„KICK-IT Скутерс!“ се победници на Иновативниот камп 2018 кој се одржа на 23 ноември 2018 во Скопје, во организација на „Џуниор ачивмент“ Македонија. Тимот составен од средношколци од неколку средни училишта од Македонија креираше електричен скутер под слоганот: Ако има тркало, има начин!

Преку трансформација на инвалидска количка во електричен тротинет, ќе им помогнат на лицата кои им е потребна во секојдневните активности на училиште, рекреативни центри и паркови, болници и рехабилитациони центри и институции, како и поголема пристапност до други активности во општеството.

Иновативен камп е еднодневен настан на кој учениците работат во тимови за да најдат решение за поставениот бизнис предизвик. Тие преку пристап до интернет и технологија, експертска помош од бизнис волонтери го користат своето знаење, применувајќи претприемачки вештини и тимска работа за да најдат инова

Натпреварот опфати 22 средни училишта од 13 града од целата територија на Македонија. Учество земаа 110 средношколци и нивните ментори-наставници од Скопје, Гостивар, Дебар, Струга, Охрид, Прилеп, Кочани, Берово, Гевгелија, Кавадарци, Куманово, Струмица и Велес, додека околу 22 бизнис волонтери помогнаа за подобра тимска работа и постигнување подобри резултати на натпреварот. Учениците имаа можност да се запознаат преку низа тимски активности и да го покажат своето знаење во областа на претприемништвото пред петчленото жири.

Во рамки на програмата, како една од главните цели, „Џуниор Ачивмент“ Македонија ќе ја продолжи поддршката за младите при стекнување практично искуство на учениците за водење бизнис и развивање на нови вештини како што се тимска работа, лидерство, презентирање, планирање и финансиска контрола, потребни за успешно водење на економијата во земјата.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Не чека ли ново понижување од ЕУ преку јалов обид за одложени преговори

Редакција

Рот: Бугарија да ги спроведе пресудите на Европскиот суд за човекови права и да го признае македонското малцинство

Редакција

НЛБ Банка по петти пат ја доби наградата за најдобра Банка на Europe Banking Awards

Редакција

📢 Важно известување

Оваа веб-страница претставува архива (стар сајт) и повеќе не се ажурира.
За најнови информации и содржини, посетете ја нашата нова официјална страница:


👉 Посети ја новата страница