еМагазин
Балкан

Српски лекар: Ковид-19 мутира, луѓе мислат дека имаат стомачен вирус, а всушност се ковид-позитивни

Д-р Александар Стојановиќ, директор на српскиот здравствени дом д-р Милутин Ивковиќ, во изјава за телевизија Прва рече дека многу пациенти кои се жалат на болки во стомакот се всушност луѓе позитивни на Ковид-19.

– Вирусот повторно мутираше. Луѓето кои доаѓаа од летни одмори во текот на јули, август и септември, главно од Црна Гора, имаа проблеми со стомачни проблеми, рече тој, додавајќи дека во последните 10 дена, многумина од нив го контактирале својот матичен лекар поради стомачни проблеми и дехидрација, за подоцна да се покаже дека се позитивни на коронавирус, вели српскиот лекар.

Тој потенцираше дека 90 отсто од нив се невакцинирани граѓани.

– Што се однесува до смртноста, 95 отсто умираат невакцинирани. Ковид повторно ја покажува својата страна, ние се вртиме околу бројката од 7.000 заразени луѓе, со просек од 50 мртви луѓе дневно и полни болници.

Здравствениот систем е преоптоварен, а редиците се формираат веќе во седум часот наутро, рече тој, посочувајќи на проблемот со вакцинирање на лица помлади од 32 години, кој изнесува само 18 проценти.

МИА

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Се тргаат барикадите на граничните премини во Косово, Србија ја укина состојбата на зголемена борбена готовност

Редакција

(Фото) „Дали знаеш од каде доаѓа твојата роба (дрога)?„: Фестивалот EXIT одржа лекција по маркетинг

Редакција

Бебе почина во Грција, откако таткото го заборавил во автомобил неколку часа

Редакција

📢 Важно известување

Оваа веб-страница претставува архива (стар сајт) и повеќе не се ажурира.
За најнови информации и содржини, посетете ја нашата нова официјална страница:


👉 Посети ја новата страница