еМагазин
Балкан

Српскиот производител „Торлак“ нареди итно повлекување од употреба на БСЖ вакцината против туберкулоза, што се дава на бебиња веднаш по раѓањето

Српскиот Институт за вирусологија, вакцини и серуми „Торлак“ нареди итно повлекување од употреба на БСЖ вакцината против туберкулоза, што се дава на бебиња веднаш по раѓањето, поради сомневање за нејзиниот квалитет и очекуваниот имунолошки одговор, што може да биде нецелосен, објави Нова.рс.

Во документот што го објави порталот, може да се види дека на 15 март, координаторот за отповикување на Институтот побарал итно повлекување на таа вакцина поради „сомнежи во квалитетот на производот“.

Во документот се додава дека треба да се прекине снабдувањето и користењето на тој производ.

Во октомври 2022 година, повеќе од 600 бебиња добиле физиолошки раствор наместо таа вакцина поради неточни упатства за употреба, а како што пишува Нова.рс, бебињата потоа добиле увезена вакцина затоа што „Торлак“ во одреден момент престанал да ги произведува.

Порталот наведува дека „Торлак“ во меѓувреме го обновил производството, но се уште не се знае дали и колку бебиња ја примиле вакцината, чие повлекување е побарано.

МИА

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Партијата на Курти победи на изборите во Косово, ќе успее ли да формира влада?

Редакција

„Филмско“ убиство во Атина: Изрешетан познат грчки новинар

Редакција

Договорот од Преспа ќе се гласа во грчкиот парламент во четврток вечер

Редакција
Close

📢 Важно известување

Оваа веб-страница претставува архива (стар сајт) и повеќе не се ажурира.
За најнови информации и содржини, посетете ја нашата нова официјална страница:


👉 Посети ја новата страница