еМагазин
Image default
ЖИВОТ ТОП СТОРИИ

Стабилно време до крајот на неделава, магла наутро, преку ден сончево

По котлините утре наутро ќе има појава на магла или ниска облачност, а преку денот ќе биде сончево со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен северозападен ветер. Кон крајот на денот облачноста ќе се зголемува.

Во Скопје претпладне ќе има појава на магла, а преку денот сончево со умерена облачност. Минималната темпратура ќе биде -1, а максималната 11 степени.

И во текот на оваа седмица ќе се задржи претежно стабилно време со појава на магла по одделни котлини со променлив интензитет, освен утре попладне кога ќе има ветер со умерен интензитет што ќе предизвика преодно намалување на маглата.

В среда ќе има зголемена облачност и услови за локален слаб дожд.

До крајот на оваа недела минималната температура ќе биде во интервал од -3 до 6 степени, а максималната од осум до 15 степени.

Фото: Град Скопје

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Утре слаб снег на планините, од задутре стабилно со повисоки температури

Редакција

Убава вест: Од четврток кино „Милениум“ почнува повторно со работа

Редакција

Заврши распустот, учениците утре се враќаат во училиштата

Редакција

📢 Важно известување

Оваа веб-страница претставува архива (стар сајт) и повеќе не се ажурира.
За најнови информации и содржини, посетете ја нашата нова официјална страница:


👉 Посети ја новата страница