еМагазин
Image default
ЖИВОТ ТОП СТОРИИ

Следува период на стабилно време, од петок пораст на температурите

Следува период на стабилно време, со појава на умерена облачност.

Утре минималните температури на повеќе места ќе бидат негативни, а од петок ќе има пораст на температурите, особено на утринските. По одделни котлини ќе има услови за појава на утринска магла.

Како што соопшти Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР), и утре ќе се задржи претежно ведро време со ниски утрински температури, кои на повеќе места ќе бидат под нулата.

В четврток утринската температура ќе биде од минус три до пет степени, по што постепено ќе се зголемува и ќе се движи од два до 10 степени.

Максималната температура ќе биде во интервал од 13 до 21 степени.

Фото: Град Скопје

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Матичните лекари утре на протест, бараат покачување на капитациониот бод

Редакција

Телата на повеќе од 900 цивили се откриени во регионот на Киев по повлекувањето на руските сили, тврдат украинските власти

Редакција

(Видео) „Дома со Леа“ е првиот јутјуб канал за мајчинство на македонски јазик

Редакција

📢 Важно известување

Оваа веб-страница претставува архива (стар сајт) и повеќе не се ажурира.
За најнови информации и содржини, посетете ја нашата нова официјална страница:


👉 Посети ја новата страница