еМагазин
Image default
Бизнис

„Стандард и Пурс“: Потврден кредитниот рејтинг на Македонија „ББ-“ со стабилен изглед

Агенцијата „Стандард и Пурс“ објави нов извештај, во кој го потврди кредитниот рејтинг на нашата земја „ББ-“, со стабилен изглед, соопшти Народната банка.

Во извештајот, одделно внимание ѝ е посветено на монетарната политика, со фокус на стабилноста на домашната валута и нивото на девизните резерви, како и на стабилноста на банкарскиот систем.

„Меѓу другото, „Стандард и Пурс“ повторно наведе дека мерките на Народната банка, како што е пониската задолжителна резерва за обврските на банките деноминирани во денари, придонесуваат за намалување на вкупната евроизација во земјата, којашто  воедно е и пониска споредено со другите економии во регионот. „Стандард и Пурс“ одделно се осврна и на девизните резерви, коишто во текот на  оваа година бележат раст, во најголема мера како одраз на интервенциите на Народната банка на девизниот пазар“, соопштија од Народната банка.

Оттаму додаваат дека во извештајот посебен акцент е ставен на банкарскиот систем, со нагласок дека тој е стабилен, ликвиден и добро капитализиран, со ниско ниво на нефункционални пласмани, а дека неговите активности главно се финансиранипреку домашните депозити.

„Стандард и Пурс“ даде позитивни оцени и за кредитниот пазар во нашата земја, забележувајќи  дека и покрај тоа што поголем дел од кредитирањето е насочено кон населението, во последниот период се забележува поголема активност и на сегментот на корпоративното кредитирање.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Самит Македонија 2025: Раст од 5% на БДП, за Македонија да фати економски чекор со останатите

Силвана Жежова

ТАВ најавува: “Ер Балтик” влегува на македонскиот пазар со нова сезонска авиолинија Скопје – Рига

Редакција

(Видео) Лидл ќе има два маркети во Штип

Редакција
Close

📢 Важно известување

Оваа веб-страница претставува архива (стар сајт) и повеќе не се ажурира.
За најнови информации и содржини, посетете ја нашата нова официјална страница:


👉 Посети ја новата страница