еМагазин
Image default
БЕСПАРИЦА

Стапката на невработеност намалена на 16,6 отсто

Стапката на невработеност во четвртиот квартал лани изнесува 16,6 отсто и е намалена во однос на  третиот квартал, кога изнесуваше 17,1 отсто.

Стапката на активност во последното тримесечие од минатата година е 57,5, а стапката на вработеност 47,9, објави денеска Државниот завод за статистика.

Во четвртиот квартал годинава активното население во државава изнесува 968.604 лица, од кои вработени се 807.362, а 161.242 лица се невработени.

Од невработените лица, 33.508 се со високо образование, 71.914 со средно четиригодишно образование, 12.931 со средно тригодишно, а со основно образование се 34.869 лица.

Податоците покажуваат дека најголем вработувач е преработувачката индустрија каде се вработени 161.007 лица.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Секое четврто дете во Македонија живее во сиромаштија

Редакција

Инфлацијата во февруари 5%

Редакција

Граѓаните и годинава ќе имаат можност да добијат поддршка за станбен кредит преку проектот „Купи куќа, купи стан“

Редакција

📢 Важно известување

Оваа веб-страница претставува архива (стар сајт) и повеќе не се ажурира.
За најнови информации и содржини, посетете ја нашата нова официјална страница:


👉 Посети ја новата страница