еМагазин
Image default
ДОБРОСОСЕДСТВО ТОП СТОРИИ

Од денеска во Косово и Албанија со лични карти и меѓусебно признавање на стручните дипломи

Во Македонија, Албанија и Косово денеска стапуваат во сила трите договори потпишани на 3 ноември 2022 година, во рамките на Берлинскиот процес – Договорот за слободно движење во Западен Балкан со лични карти, Договорот за признавање на високо образовните квалификации и Договорот за признавање на стручните квалификации на доктори, стоматолози и архитекти.

-Многу бргу се очекува влегување на сила на договорите и во останатите три држави потписнични, согласно завршените правни процедури кај нив – Србија, Црна Гора и Босна и Херцеговина, соопшти МНР.

Со нив се воспоставува слободно движење на луѓето само со лични карти во рамките на Западен Балкан, се овозможува мобилност на студентите, професорите и академските работници, додека процедурите за признавање се скратуваат од неколку месеци на две недели и без трошоци, докторите на медицина, забарите и архитектите ќе можат своите услуги да ги нудат слободно низ регионот.

Фото: Влада

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Кумот Новачевски го разоткри Груевски на судењето за „Плацови на Водно“

Редакција

Малинка Ристевска Јорданова: Собранието усвои заклучоци во кои нема ни збор за промената на Уставот, Протоколот и едностраните изјави

Редакција

Кој е Хусни Исмаили, новиот министер за култура: Лекар, професор, уредник на книги и радио-драми

Редакција

📢 Важно известување

Оваа веб-страница претставува архива (стар сајт) и повеќе не се ажурира.
За најнови информации и содржини, посетете ја нашата нова официјална страница:


👉 Посети ја новата страница